А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Општина Карпош: Граѓаните ќе решат за зонско

by А1он01/02/2018 - 10:14144
Share0

„Информациите кои дел од медиумите ги пренесоа околу наводното воведување на зонско паркирање во Карпош се невистинити.

Добивај вести на вибер

Во контекст на тоа, факт е дека на неколку клучни локации во Општината постојат т.н. „тесни грла” во паркирањето.

Станува збор, пред сé, за потегот долж улицата Рузвелтова (која што е неформална граница меѓу Општина Центар и Општина Карпош), како и за опфатот околу ТЦ Сити Мол.

Жителите на Карпош од зградите, но и од околните куќи на овие локации, имаат реален проблем со паркирањето поради фактот што возила од Општина Центар и други посетители ги паркираат своите возила на паркинзите наменети за станарите на Карпош, кои се бесплатни.

Но, исто така факт е дека поради ваквиот реален проблем граѓаните на Карпош од споменатите делови сé повеќе го актуелизираат прашањето за поставување некакви ограничувања на паркирањето од другите општини. За таа цел, дури во неколку наврати поднесоа иницијативи до Градоначалникот и до Општината, за воведување на зонско паркирање токму на посочените делови. Општина Карпош, како сервис на граѓаните има обврска да ги реши сите реални проблеми на жителите, вклучително и овој со паркирањето.

Локалната самоуправа останува на ставот дека во Карпош нема потреба од воведување на зонско паркирање на целата територија на Општината. Она што можеме како локална власт е да ги разгледаме иницијативите, да ја согледаме нивната оправданост и да изнајдеме најсоодветно решение.

Дали на тие потези ќе има зонско паркирање може да решат само мнозинството од жителите на овие делови од Карпош кои се соочуваат со проблемот, откако претходно тие сознанија ќе бидат добиени со спроведување на анкета и непосредно изјаснување. Но, никако со „декрет” или наметнато решение од Општина Карпош или како дел од програмите на Град Скопје“, се вели во соопштението на Општина Карпош.

karpos

Би можело да ве интересира

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он26/11/2025 - 17:2726/11/2025 - 17:28

55-годишен скопјанец е пронајден мртов во својот дом во Карпош

Горан Наумовски16/11/2025 - 13:1316/11/2025 - 14:43

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Предраг Петровиќ26/10/2025 - 16:34

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Горан Наумовски16/10/2025 - 16:54

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ13/10/2025 - 17:1813/10/2025 - 18:03

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Горан Наумовски10/10/2025 - 12:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен