(ВИДЕО) Протест пред Собрание: Нимиц да се повлече од позицијата, македонскиот народ нема да ги прифати решенијата

Од:

Патриотските здруженија пред Собранието протестираат против промена на името на Република Македонија, во пресрет на доаѓањето на медијаторот Метју Нимиц

Учесниците на протестот упатија неколку пораки до Нимиц, до власта и до претседателот Ѓорге Иванов. „Нимиц да се повлече од срамната недостоинствена и за нас недозволива позиција на посредување на наметнат и апсурден спор со името, да престане да биде учесник во геноцидот и во уништувањето на македонскиот народ и држава, како и во повредувањето на македонскиот идентитет“, порачаа на протестот.

Тие бараат Нимиц да им ја пренесе на ОН пораката за несогласување, како што рекоа, „да се откажеме од нашето основно право и слобода да бидеме тоа што сме – Македонци“.

„Македонскиот народ нема да ги прифати овие решенија и ќе се бори со сите средства за враќање на одземениот суверенитет и за ревизија на сите спорни одлуки против државните интереси. Метју Нимиц да достави извештај до ОН дека македонскиот народ бара од него неотповиклива оставка на медијаторсата позиција и дека сака Република Македонија да биде примена на ОН под уставното и државото име. Истата порака ја упатуваме и до претставниците на ЕУ и НАТО во земјава, кои ги поддржуваат овие непринципиелни политики“, беше истакнато на протестот.

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада