Средба Фазлиу-Винтон: УНДП се постојан партнер во спроведувањето на процесот на децентрализација

Од:

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу оствари средба со постојаната претставничка на УНДП во Република Македонија, Луиза Винтон.

На средбата, Винтон го искажа интересот на УНДП за продолжување на соработката со Министерството за локална самоуправа во напредувањето на реформата на системот на локалната самоуправа и процесот на децентрализација, како и во зајакнувањето на капацитетите на Министерството во обезбедувањето на координативната улога на хоризонтално и на вертикално ниво.

Министерот Фазлиу истакна дека го цени интересот на УНДП за продолжување на соработката. УНДП се постојани партнери на Министерството во спроведувањето на процесот на децентрализација, од самиот почеток и разбирливо е предизвиците во таа област да продолжиме да ги решаваме во соработка, рече министерот Фазлиу.

На состанокот се разговарашен и за имплементацијата на актуелните два проекти преку кои што Министерството за локална самоуправа во соработка со УНДП работи на зајакнување на капацитетите на општините за подобрување на испораката на локалните услуги, како и на подобрување на системот на локалната самоуправа, преку воспоставување на систем за следење на функционалноста на општините.

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска