На градилиште во Хонг Конг пронајдена бомба, блокиран центарот на градот

Од:

Полицијата во Хонг Конг затвори дел од центарот на градот кога на едно градилиште била пронајдена неексплодирана бомба, пренесоа светските медиуми. Според информациите, на местото се присутни и експерти за демонтирање на експлозивни направи.

Во тој дел од градот сообраќајот се пренасочува, а продавниците и канцелариите се затворени како мерка на претпазливост.

Полицијата соопшти дека бомбата тешка околу 450 килограми била пронајдена во неделата, а се верува дека станува збор за американска експлозивна направа фрлена од авион во текот на Втората светска војна кога Хонг Конг бил заземен од јапонските сили за време на војната на Пацификот.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше