А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Попова: Скопјани ќе треба да го плаќаат луксузирањето на СДСМ и Шилегов

by А1он31/01/2018 - 11:45153
Share0

Ирена Попова, советничка на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека денеска на дневен ред, предложен од градоначалникот Шилегов, е поставена точка за поскапување на цената на водата на жителите на градот Скопје.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Се предвидува етапно цената на водата во Скопје да поскапи за цели 35% што по поскапување на цената на нафтата ќе преставува нов ценовен шок за граѓаните. Значи со овој предлог Скопјани наместо 12 ќе плаќаат 16 сметки за вода годишно. Ако плаќале домаќинствата 1.000 денари месечно по поскапувањето ќе треба да плаќаат 1.350 денари. Скопјани ќе треба да го плаќаат луксузирањето на СДСМ и Шилегов, додека градот Скопје се соочува со неефикасност, неработа и најзалудно потрошените први 100 дена од работата на било кој претходен градоначалник на Скопје, без ниту еден отпочнат капитален проект, рече Попова.

Таа додаде дека по притисокот од јавноста, владата излезе со препорака во однос на одлуката за покачување на цената на водата. Како што кажа Попова, тоа е доказ дека покачувањето на цената на е реалност, наспроти обидите за правдање на градоначалникот Шилегов и Град Скопје.

– Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“ се против покачување на цената на водата, и бараме до предлагачот да ја повлече точката од дневен ред. Недомаќинското работење не смее да биде на грбот на скопјани. Скопјани не смеат да бидат осиромашувани и да ја плаќаат со свои пари неспособноста на СДСМ и градоначалникот Шилегов. Апелираме на носење на одлука со која е се заштитат интересите на Скопјани.

Следете a1on на Youtube YouTube
grad skopjevmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ

Горан Наумовски15/05/2026 - 09:04

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

Горан Наумовски13/05/2026 - 09:04

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски11/05/2026 - 09:3311/05/2026 - 09:43

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

Горан Наумовски11/05/2026 - 09:03

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

Горан Наумовски03/05/2026 - 15:08

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

Предраг Петровиќ18/04/2026 - 10:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто