Унапредени судиите за „Резервни тенковски делови“ и „Монструм“

Од:

„Судијата Дијана Груевска Илиевска која го води повторениот судски процес за Резервни тенковски делови против експремиерот Владо Бучковски стана судија за организиран криминал а судијата од Монструм и Расколник, Ивица Стефановски заменик претседател на Кривичниот суд“, информира телевизијата Канал5.

Овие промени со годишниот распоред ги направил новиот претседател Владимир Панчевски кој претходно судеше организиран криминал и со неговиот избор се испразни едно судиско место во овој оддел. Тој за Канал 5 изјави дека за свој заменик го поставил судијата Ивица Стефановски.

Во однос на судскиот процес за Резервните тенковски делови кој е при крај со доказната постапка, Панчевски за Канал 5 изјави дека судијката Груевска Илиевска иако е префрлена во организиран криминал, ке го доврши ова судење.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството