Јовески и Јанева на прва средба, најавија соработка и редовна комуникација

Од:

Актуелната состојба во обвинителствата, идната редовна комуникација, потребата од размена на искуства, заедничката определба и подготвеност за соработка со цел поефикасно гонење на сторителите на кривичните дела, беа теми на кои се говореше на првата средба помеѓу јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески и специјалната обвинителка Катица Јанева.

Како што информираат од обвинителството, на работниот состанок одржан вчера во просториите на Јавното обвинителство на Република Македонија, станало збор и за актуелните реформи во правосудниот систем и неопходната активна вклученост на јавните обвинителства.

„Јовески и Јанева ги разгледаа прашањата опфатени со претстојните измени во законите со кои се регулира кривичната материја, особено во однос на поставеноста и организацијата на обвинителствата. При тоа беше потенцирано значењето на меѓусебната поддршка и почит со цел успешна реализација на суштинските реформи кои ќе придонесат за подобрување на улогата на јавниот обвинител во целокупниот правосуден систем во државата“, се додава во соопштението. ​

Би можело да ве интересира

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ

На Михаилова и беа одземени две патни исправи, а имаше и забрана за преминување на граница со лична карта, извести Обвинителството

Горан Наумовски

Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Предраг Петровиќ

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Почна постапката за избор на наследникот на Ислам Абази

Горан Наумовски

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали