Јапонската компанија Инфинити го претстави во Детроит својот прототип „Ку-Инспирејшн Концепт“ – автомобил од новата генерација возила на брендот.
Новиот „Седан“ има четирицилиндричен турбомотор со менлив сооднос на компресијата, уникатен ентериер и е опремен со најсовремена технологија за автоматско управување, пишува „Монитор”.
Екстериерот пак, со своите чисти и прецизни линии, видливо се разликува од неговите претходници. Концептуалниот модел се разграничува од класичниот „Седан“, при што надворешниот издолжен изглед надополнет со внатрешниот комфор, потсетува на купе.
„Про-Пајлот“ системите се иднината на автоматското управување на Инфинити. Тие всушност ја имаат улогата на „втор пилот” и во секоја смисла ја дополнуваат контролата на возачот над автомобилот.