ВМРО-ДПМНЕ: Притворот се користи како средство за изживување

Од:

„Патриотите кои се во притвор се политички обвинети. Нема никаква правна основа за ваквиот третман и затоа мора да бидат ослободени.

Притворот наместо како мерка за претпазливост се користи како средство за изживување. Притворените не сториле терористички акт и апсурдно е да се држат во истражен затвор заради опасноста да го повторат. Притворените седум месеци после завршување на протестите на „Заедничка Македонија” немаа заминато од Македонија и апсурдно е сега да се држат во затвор заради тоа што би избегале. Притворените ниту влијаеле, ниту постои опасност или намера да влијаат врз политичката истрага. Нема никаква основа за притворите кои им се изречени.

Органите на прогонот се користат за пресметка со граѓани кои мислат поинаку од СДСМ.

Судот треба итно и неодложно да ги пушти од притвор Чавков, Дамовски, Илиевски, Јовановски и останатите чија единствена вина е љубовта кон татковината.

Судот мора да биде заштитник на законитоста и гарант за правична постапка. Правосудните органи мора да се ослободат од стегите и притисокот, и своите одлуки да ги носат согласно законските норми. Независното судство е право на граѓаните, и не смее да им биде скратено.

Конструираните случаи не треба да станат наше секојдневие. Институциите во Република Македонија не треба СДСМ да ги злоупотребува за фабрикување на политички постапки и политички прогон. Гушењето на демократијата и притворањето невини луѓе не е одлика на демократска власт.

Република Македонија нема да тргне ни чекор кон ЕУ, се додека институциите се користат за пресметка со политичкиот противник. Државата нема да биде членка на НАТО додека за државните органи презумцијата на невиност е празна флоскула.

Во интерес на нашите Евроатлански аспирации е судот и сите останати институции да работат исклучиво во интерес на граѓаните и согласно законот, Уставот и меѓународните договори.

Практиката на злоупотреба на институциите мора да запре во интерес на државата и нејзината иднина. Демократијата и правната држава се право на граѓаните и тоа не смее да им биде скратено“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ