Бунтовничка група ја презема контролата врз претседателската палата во јеменскиот главен град Аден, и најавува отцепување на јужниот дел од државата.
Најмалку 36 лица биле убиени во дводневните судири меѓу бунтовниците и силите лојални на јеменскиот претседател Абдерабо Мансур Хади во кои се користеле и тенкови и друго тешко вооружување.
Се работи за бунт на сунитска група која досега беше лојална на Хади и заедно со неговите сили и со помош на Саудиска Арабија се бореше против шиитските Хути бунтовници кои се помогнати од Иран во тригодишната граѓанска војна.