Еден мобилен оператор во Јапонија, откако произведе мобилен телефон за повозрасни лица, го претстави и новиот „паметен“ телефон за деца.
Специјалниот телефон за деца во бои и со голем екран има опции за забрана за посетување интернет страници кои не се со примерна содржина, забрана за повикување броеви кои родителите не ги дозволиле, како и ограничување на испраќањето електронска пошта.
На смартфонот може да се програмира и ограничување на користењето на апаратот, со цел децата да не прават големи сметки и да не остануваат будни до доцна во ноќта.
Со телефонот следуваат и упатства за безбедно користење, а во него има и алармен систем кој се вклучува доколку децата се соочат со проблем на улица или на друго место.