Савески до пратениците: Не сте избрани да се збогатувате, туку да работите во интерес на граѓаните!

Од:

„Од понеделник пратениците ќе гласаат за намалување на патните трошоци. Во однос на тоа сакам да им го предочам следново:

1) Не сте избрани на тие места за да се збогатувате, туку да работите во интерес на граѓаните!

2) Ако огромниот дел од граѓаните од својата плата ги плаќаат трошоците за да стигнат до работното место, СО КОЕ ЛИЦЕ вие барате да имате такви надоместоци надвор од вашите плати? Вие со плати над 80.000 денари добивате по неколку илјади евра по основ на патни трошоци, а оние што земаат минимална плата од таа плата трошат за да стигнат на работа!

3) Во овој контекст, мачкање на очи се сите предлози за намалување на патните трошоци! Она што се очекува од ваша страна е ЦЕЛОСНО УКИНУВАЊЕ НА ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ!

4) Само ако ги вратите назад хранарината и превозот за работниците, можете и вие да земате надоместоци за превоз! Секакво друго решение значи дека себеси се привилегирате во однос на останатите смртници во оваа земја!“, напиша Здравко Савески од Левица на својот Фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Пратениците од Левица поднесоа интерпелација за претседателката на Комисијата за социјална политика Даути за законот за бранители

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчев: Нашиот левичарски нарав е таков – за сестра се умира

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

(ВИДЕО) Мециновиќ: Народот заслужува одговори – ДПМНЕ му сервира пцости и насилство

Баџанакот на Тошковски “победи” студент на генерација и стана доцент обвинува Левица