ВМРО-ДПМНЕ: Кој ги фрли амандманите поднесени на законот за двојазичност околу Собранието?

Од:

„Aмандмани поднесени на законот за двојазичност беа расфрлани околу Собранието. Тоа е факт кој го виде целокупната јавност. Ниту СДСМ ниту владејачкото мнозинство може да избегаат од тој факт со какви било манипулации.

Тие се должни да одговорат кому му сметаат и кој ги фрли амандманите на ВМРО-ДПМНЕ, поднесени во врска со неуставниот закон за двојазичност.

Владејачкото мнозинство треба да и одговори на македонската јавност кој издал наредба и кои се лица учествувале во овој срамен и недемократски чин.

Дали ова значи дека залудни се обидите за аргументирана дискусија и правно побивање на неуставните закони во Собранието и дека со доаѓањето на СДСМ и Зоран Заев на власт демократијата во земјава заврши во контејнер?

Демократијата во Република Македонија не смее да биде погазена и понижувана на овој начин.

Уште еднаш го повикуваме Собранието на Република Македонија што побрзо да спроведе истрага, да ги открие и санкционира сторителите на овој срамен и недемократски чин. Највисокиот законодавен дом во земјава не смее да си дозволи вакви недемократски постапки да останат нерешени и неказнети.

Ваквите постапки нема да го спречат ВМРО-ДПМНЕ и понатаму да ги заштитува законите и Уставот. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори за еднакви можности на сите граѓани на Република Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Дарко Костовски..

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски