(ВИДЕО) Костовски: Со амандманите не ни е целта да го блокираме собранието

Од:

Со поднесувањето на речиси 35.000 амандмани не ни е целта да ја блокираме работата на собранието туку прашањето е зошто насилно се носи овој неуставен закон, рече Дарко Костовски ов ВМРО-ДПМНЕ.

„Некој од собраниските служби вчера ги фрли амндманите за законот за јазици во контејнер. Дали е oва oрганизирано и кој дал наредба. Бараме истрага за овој срамен чин. Законот кој насилно се носи е неуставен и ја уназадува употребата на македонскиот јазик“ рече Костовски.

Тој рече дека дел од амандманите кои се поднесени, се забелешка за законот кој според нив не е во согласност со уставот. Костовски не одговори дали поднеле пријава за фрлените амандмани.

Нема информација до кога ќе трае дискусијата за амандманите, а расправата за законот за јазици продолжува утре во собранието. На законот за јазици, ВМРО-ДПМНЕ поднесоа речиси 35.000 амандмани.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче