Кличко наскоро ќе соопшти дали уште ќе боксува

Од:

Украинскиот боксер Виталиј Кличко сеуште не може да потврди дали повторно ќе го видиме во рингот или ќе ја заврши боксерската кариера. 41-годишнот Украинец за тамошните медиуми изјави дека одлуката за неговата спортска иднина ќе ја соопшти на прес-конференција.

– Во последно време многу луѓе, не само од областа на спортот, туку и од други сфери меѓу кои и политичари се интересираат дали Виталиј повторно ќе боксува. Јас само ќе кажам дека наскоро ќе организирам посебна прес-конференција на која ќе ви ја соопштам и образложам мојата одлука, истакнува Кличко.

Тој додава дека во моментов со сигурност може да се каже дека неговата иднина на спортски план не е дефинирана.

– Едно нешто околу името Кличко повразано со боксот можам да кажам. Кличко ќе биде во рингот сигурно, но кој од двајцата браќа ќе слушнеме во иднина. Може да бидат и двајцата браќа, но може и само едниот, помладиот, истакна Виталиј.

Владимир Кличко е четири години помлад од Виталиј, а двајцата имаат освоено многу светски титули во разните боксерски верзии.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Организиран боксерски меч два на еден – тепачката заврши на брутален начин, уште во првата рунда

А1он

Професионален боксер е убиен во Лос Анџелес, бил застрелан дури седум пати

Мејведер боксува против внук на њујоршки мафијаш, се очекува да направи голема заработка

Анџела да го напушти рингот и да му ја предаде борбата на својот ривал, за кој инсинуира дека е маж

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ