Во вториот круг на претседателските избори во Чешка победи досегашниот шеф на државата, Милош Земан.
Според пребројани 97 отсто од гласовите тој освоил 51,92 отсто од гласовите. Неговиот противкандидат Јиржи Драхош освоил 48,11 отсто од гласовите.
На изборите гласале 66,47 отсто од избирачите, што е невообичаено голема излезност на кои било избори во Чешка.
Претседателот на Чешка има пред сè церемонијална улога да ја претставува земјата затоа што за надворешната политика е одговорна исклучиво Владата.