Три Златни глобуси за „Les Miserables“

Од:

Мјузикл освои признание за најдобра комедија или мјузикл, главен актер и споредна актерка.

Филмот !Les Miserables“ освои три Златни глобуси на доделувањето одржано синоќа во Лос Анџелес. Признанијата од странските новинари акредитирани во Холивуд ги освои за најдобар мјузикл или комедија, Хју Џекмен е награден за најдобар актер, а Ен Хетавеј за најдобра споредна актерка.

Филмот „Арго“ изненади освојувајќи ги признанијата за најдобра драма во жестоката конкуренција кои ја сочинуваат „Линколн“. „Zero dark thirty“, „Django unchained“ и „Животот на Пи“. Бен Афлек е награден и за режија на филмот „Арго“.

Данијел Деј Луис освои Златен глобус за главна драмска улога во „Линколн“, а Џесика Честејн за „Zero dark thirty“.

Најдобра главна улога во комедијата остварија Џекмен и Џенифер Лоренс („Silver linings playbook“), а најдобра машка споредна улога ја оствари Крстоф Валц во филмот „Django unchained“.

За најдобра драмска серија е прогласена „Homelend“ која ја освои и главната актерска улога за Клер Дејнс и Демијан Луис. Во категоријата комични серии доминираше „Girls“, а наградата за главна женска улога ја освои и креаторката на серијата Лена Данам. Најдобра машка комична улога оствари Дон Чидл во серијата „House of lies“.

Споредните актери во сериите кои освоија Златен глобус се Меги Смит („Downton abbey“) и Ед Харис („Game change“).

Би можело да ве интересира

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

Ридли Скот најави нов филм и ја воодушеви публиката: „Веќе имам идеја за продолжение“

Предраг Петровиќ

„Бизнисот на задоволството“ почна да се прикажува пред македонската публика

Серија која го сруши рекордот на Еми наградите, гледачите ја споредуваат со „Игра на троновите“