ВМРО-ДПМНЕ: Правосудните органи држат во притвор патриоти кои не сториле ниедно кривично дело

Од:

„Правосудните органи вон закон и правна логика држат во притвор патриоти кои не сториле ниедно кривично дело, а обвинети се за тероризам. Меѓу притворените се наоѓаат и болни луѓе. Тие се мета на прогон затоа што мислат поразлично од Зоран Заев.

Митко Чавков има здравствени проблеми и неговата состојба се влошила во истражниот затвор. Неговото срце функционира со 50% од капацитетот. Митко Чавков целиот свој работен век го посвети на државата и нејзината безбедност. Истиот тој Чавков сега е мета на неправдата и политиката, само затоа што негова политичка опција не е СДСМ.

Загрижува фактот што владеењето на правото и правната држава се девалвирани откако СДСМ ја презеде власта. Демократијата е загрозена, а Република Македонија стана единствена држава во Европа која врши политички прогон и затворите ги полни со политички неистомисленици.

Судството без реално правно образложение одобри притвори на луѓе за кои нема правна аргументација да бидат во притвор. Апсурдот е уште поголем, па сите тие се наоѓаат во притвор заради монтиран случај.

Судот има можност да ја прекине двомесечната голгота на овие искрени патриоти и нивните семејства и да ги укине притворите кои се целосно неосновани.

Лицата ставени во притвор со месеци се предмет на изживување и нехуман однос. Во постапката против нив намерно се разблекуваат истражните дејствија, од што јасно се гледа дека целиот случај е монтиран, а притворот се користи како казна за политички спротивните ставови.

Монтираната постапка на сите нивоа, од повеќе институции покажа сериозни недостатоци. Кршени се правата на осомничените, факт кој го нотираше и Народниот правобранител, а правосудните органи го премолчеа.

Судот не смее и понатаму да биде дел од овој политички прогон. Во интерес на демократијата и владеењето на правото, судиите треба да одлучуваат по закон и Устав. Државата има потреба од институции кои ќе работат независно, само така државата ќе се придвижи кон ЕУ и НАТО. Се друго е само залажување на јавноста и спроведување тивок терор, типичен за комунистичките режими на минатиот век“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски