19-годишна девојка уценувана со компромитирачки фотографии

Од:

Х.З.(47) од с.Горно Палчиште пријавил дека неговата 19-годишна ќерка била уценувана од М.А. (19) од Порој, со кого била во љубовна врска. Поради тоа што врската не ја одобрувале родителите, извесно време таа била прекината, па потоа продолжена.

М.А. повеќе пати ја уценувал девојката дека ќе објави нивни заеднички компромитирачки фотографии доколку не биде со него. Тој барал и добил пари и златен накит. Минатата година значителен дел вратил, но продолжил да ја вознемирува и уценува.

Пред два дена девојката им кажала на родителите, по што испила поголема количина разновидни таблети и во безсознание била префрлена на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. М.А. бил повикан во полициска станица и со него бил извршен разговор. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Кандидатите кои ќе аплицираат за Средното полициско, да не се отпишуваат од училиште пред да заврши селекцијата, апелира МВР

Катерина Ѓуровски

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он