Грција ќе ги откочи процесите за напредок на Македонија во ЕУ

Од:

Грција ќе ги откочи процесите за напредок на Македонија во евроинтеграциите. Ова е една од поентите на грчкиот премиер Алексис Ципрас за време на обраќањето во Давос по средбата со премиерот Зоран Заев.

За време на заедничката прес-конференција на двајцата премиери, Ципрас истакна дека како знак на добра волја и како резултат на иницијативите што доаѓаат од активностите на Владата на Заев, Грција ќе ги откочи процесите што се однесуваат на можностите за напредок на нашата земја во евроинтеграциите, како што е ратификацијата на втората фаза на Спогодбата за асоцијација и стаблизација во парламентот на Република Грција, отворањето на можноста за нашето членство во јадранско-јонската иницијатива за соработка, како и отворањето на граничниот премин во Преспа како исклучително важни за овој регион.

Ципрас истакна дека Република Грција има одговорност да им помогне на земјите од Западен Балкан да ги зајакнат своите капацитети во пресрет на нивната интеграција во Европската Унија и дека оваа средба е еден од важните чекори во таа насока.

Премиерот Зоран Заев укажа на фактот дека во минатото, кога двете земји имале сериозни предизвици, покажале дека можат да работат заедно за меѓусебен интерес.

Двајцата премиери заеднички истакнаа дека двете страни остануваат посветени на преговарачкиот процес за чија имплементација е назначен медијаторот Метју Нимиц од страна на Обединетите нации и дека во наредната фаза нивото на преговарачи ќе биде кренато на ниво на министрите за надворешни работи, што ќе овозможи повеќе динамика и суштина во процесот на преговори.

Би можело да ве интересира

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски