Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека неговите европски партнери не можат секогаш да проценат колкави се и какви се предизвиците од живеење со агресивен сосед, каков што е Турција.
Ципрас ова го изјави во рамки на дебатата за стабилизирање на Медитеранот и решавање на мигрантската криза.
Грчкиот премиер рече дека застанал на чело на грчката Влада во исклучително тежок период за земјата, која не само што морала да се справи со наголемата должничка и миграциска криза, туку и со агресивниот сосед кој понекогаш е непредвидлив со неговите агресивни воени активности во Егејското море.