Законот за употреба на јазиците откако повторно ќе биде изгласан во Собранието ќе оди на мислење во Венецијанската комисија, по што добиените забелешки ќе бидат вградени во законот.
Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција го повтори владиниот став дека Законот е во согласност со Уставот на државата и оти е изгласан во демократска атмосфера, со поддршка од мнозинството пратеници.
Тој при тоа уште еднаш ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се вратат во Собранието за да учествуваат во амандманската расправа на третото читање на законот која е закажана за понеделник.