Полицискиот синдикат бара 13-та плата

Од:

Македонскиот полициски синдикат побара од Министерот за внатрешни работи да отпочне процес на реализација на веќе договорените активности за исплата на, со закон и колективен договор утврдените права за исплата на плата, додатоци на плата, надоместоци и бонуси кои ги побаруваат вработените во Министерството.

„Ова особено се однесува за: отпочнување на исплата на бонус плата т.н. 13 – та плата за сите вработени во Министерството кои ги исполнуваат условите за тоа, отпочнување на исплата на разликата во плата која полицајците – приправници ја земале од моментот на полагање на приправничкиот испит до моментот на нивното распоредување и отпочнување на исплата по сите останати основи кои Министерството им го должи на вработените, а кои истите ќе ги побараат и ќе се покажат како основани. Македонскиот полициски синдикат бара за сите вработени во Министерството кои веќе имаат поведено судски постапки по погоре наведените основи, како и други слични основи поврзани со парични побарувања утврдени со закон и колективен договор, да се понуди фер спогодба за подмирување на настанатите трошоци и остварување на основите на нивните побарувања, со цел избегнување на непотребни дополнителни трошоци за Министерството“, се наведува во соопштението од Македонскиот полициски синдикат.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници