Власта „шверцерски“ ќе го менува Законот за референдум

Од:

Поради неусогласенот на постојниот текст на Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, со текстот на Изборниот законик и Законот за судови, Министерството за правда на Единствениот национален електронски регистар на прописи, објави дека се потребни законски измени.

Во целта на предлог-законот пишува дека измените се потребни поради „надминување на постојните проблеми поради неусогласенот на законското решение со Изборниот законик и Законот за судовите“. Но токму за законот за кој е потребно јавно мислење, посебно пред можниот референдум за името, јавна расправа не е предвидена. Временската рамка за предлог-законот треба да се донесе најдоцна до 31 јануари. Токму ваквиот начин на носење закони од страна на минатата власт, од СДСМ го нарекуваа „шверцерски“.

Би можело да ве интересира

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада

Левица: Економската приказна на Владата се распаѓа – ни ребаланс не го спасува буџетот

Горан Наумовски

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени