Утрово во Стразбург треба да биде финализиран текстот на Стратегијата за проширување, насловена како „Уверлива перспектива за проширување на земјите од Западен Балкан“. Стратегијата ќе биде презентирана на 6 февруари за време на пленарната сесија на Европскиот парламент.
Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан предвидено е во 15 часот да ја презентира Стратегијата за проширување пред членовите на Европскиот парламент.
Документот вклучува општи насоки за побрз процес на интеграција на сите земји од регионот, а поконкретни датуми за проценка има за Црна Гора и Србија.
Според Европската комисија, следната 2019 година ќе биде клучна за земјите од Запден Балкан. Тогаш се очекува да се нормализираат односите меѓу Србија и Косово, а Македонија и Албанија да започнат пристапни преговори со Брисел.