Официјална Москва го поздрави директниот дијалог помеѓу Северна и Јужна Кореја и верува дека би требало да продолжи, рече заменик шефот на руската дипломарија Игор Моргулов.
„Ние го поздравуваме обвновениот дијалог помеѓу двете Кореи, како и неговата содржина и договорот постигнат на нивната прва средба“, рече Моргулов за руската новинска агенција ТАСС.
„Веруваме дека директниот дијалог помеѓу Пјонгјанг и Сеул ќе продолжи и во иднина“, додаде рускиот дипломат.
Тој потенцира и дека Москва и понатаму е против унилатералните санкции кон Пјонгјанг.