Груевски: Приоритет за локалните избори се новите работни места, делата и проектите

Од:

Канидатите на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори ќе настапат со добро осмислени програми кои ќе одговорат на интересите на граѓаните. Приоритет се отворање на нови работни места, делата и проектите, потенцира Груевски по пуштањето во употреба на спортска сала во Средното учулиште „Зеф Љуш Марку“ во општина Бутел.

– Граѓаните што се однесува до кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ ќе добијат многу добро и долго омислени програми, коишто мора  да се реализираат, како што досега беше имиџот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што ќе го вети тоа и да го оствари, да создаде дела, да остави дела зад себе. Затоа што по извесен период сите ние ќе бидеме надвор од овие функции, но ќе останат делата. Ќе падне политичката прашина, политичката магла, која што во едно демократско општество се фрла врз тие што се на власт, но потоа кога ќе падне политичката магла остануваат само делата. Затоа мора да продолжи нас да не карактеризира создавањето дела, создавањето проекти, решавањето на проблемите на граѓаните, рече Греувски по пуштањето во употреба на спортска сала во Средното учулиште „Зеф Љуш Марку“ во општина Бутел.

Клучни се подвлече и проектите, но и личниот ангажман на градоначалниците за привлекување инвестиции и отворање нови работни места.

– И она што е исто така карактеристично за овие програми за наредниот четиригодишен период е тоа што ќе инсистираме за разлика од многу општини каде што СДСМ владееше, нашите градоначалници да продолжат и да го засилат тоа што досега го правеа, да се борат исто така и за привлекување на повеќе инвеститори во нивните општини. Прво преку отворање на индустриски зони, второ заедно со Владата отворање на слободни економски зони односно ТИРЗ, но и лично нивно агитирање кај компании за коишто чувствуваат дека можеби би донеле одлука да инвестираат во нивната општина. Секој градоначалник мора директно и лично да се вклучува во привлекувањето на компании кои ќе отвораат нови работни места заедно со Владата, рамо до рамо сите да се бориме што повеќе да се отворат компании во Македонија коишто ќе ги вработат луѓето, рече премиерот.

Покрај инфраструктурните работи  улици и патови, водоводи, канализации, и се друго што спаѓа во таа инфраструктура градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат обврзани, како што посочи, оние чиј мандат ќе биде потвден лично да продолжат како и досега, а оние кои ќе добијат по првпат мандат да го прават тоа уште позасилено од она што било во минатото за да привлечат нови работни места.

– Тоа е тоа што е договорено кај нас, што е општо прифатено во нашата партија, од нашите  кандидати и што е услов и за оние што треба да ги прифатиме. Тие тоа го знаат. Така што оттука ја влечеме и нашата самодоверба. Значи и од она што во минатото сме го сработиле нашите дела и од она што го планираме во иднината преку нашата програма и посветеност, подвлече премиерот Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар