Новите модели „Волво В40“ ќе имаат и електрична верзија

Од:

„Волво“ ја најави новата генерација компактни хечбеци кои ќе им парираат на „Голф“ и „Форд Фокус“.

Новиот „Волво В40“ ќе биде дизајниран според концептот 40,2, кој и беше претставен на јавноста во мај 2016, објави „Аутоекспрес“.

Автомобилот ќе ја користи механичката платформа со теренецот „Икс-Це 40“. Модуларната платформа ЦМА пак, овозможува и употреба на нови четирицилиндерски мотори, бензинците Т4 и Т5, но и дизелашот Д3 и Д4.

Но, идејата е да се произведуваат и исти такви возила со електрични погонски агрегати – хибриди, но и такви на чисто електричен погон.

– Основната верзија ќе биде поевтина и ќе има помала автономија во возењето, додека поголемата батерија ќе биде поскапа, но ќе му обезбеди на автомобилот движење на поголемо растојание, изјави шефот на развојно-истражувачкиот оддел на компанијата Хенрик Грин.

„Волво“ засега не открива кога новото возило ќе стигне во продажните салони, но се очекува тоа да се случи во 2019. или 2020 година.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска