Ролс – Ројс најавува теренско возило

Од:

Иако важи за ексклузивен произведувач на автомобили чија годишна продукција е значително помала од повеќето автомобилски компании, Ролс-Ројс во последната деценија бележи значителен пораст на продажбата од година во година.

Во 2007 година првпат испорача преку 1.000 возила за една година, 2010 ја заврши со 2.700, а 2014 со преку 4.000 продадени автомобили.

Минатата година оствари поскромен резултат, а причините за падот на продажбата треба да се бараат пред се во отстуство на моделот Фантом од Ролс-Ројс. Имено, компанијата уште во 2016 година го прекина производството на моделот Фантом купе и Дропхед Купе (кабриолет), а на почетокот од 2017 и лимузинската верзија на Фантом.

Со оглед на тоа дека производството на новата генерација почна неодамна, Ролс-Ројс во 2017 година во понудата имаше еден модел помалку, што за произведувач со мал број модели во понудата претставува голем хендикеп.

Ако се знае дека Ролс-Ројс годишно испорачува меѓу 300 и 1.200 Фантоми (кога го има во понуда) резултатот од 3.362 продадени автомобили во 2017, со 16-процентен пад, и не е така лош како што изгледа на прв поглед.

Сепак, компанијата во 2018 година влегува со оптимизам и очекува нов продажен рекорд со оглед на тоа што на светскиот пазар пристигнува новиот Фантом, а се најавува и премиера на првиот теренец (SUV) во историјата на брендот.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска