Александар Велјаноски третпат го фати крстот во Прилеп

Од:

Крстот во Прилеп го фати 29 – годишниот Александар Велјаноски. На Велјаноски ова му било третпат како на овој празник го фаќа крстот, известија од Општина Прилеп.

Во базенот кај хотелот „Салида“ по крстот влегле 100 верници. Од Општината велат дека ова е рекорден број верници пријавен за Богојавление – Водици.

„Почитувани граѓани, денес е голем празник. По тој повод сакам на Македонската православна црква, на нашата епархија и на сите православни христијани, да им го честитам Богојавление – Водици, да им посакам добро здравје, среќа, радост и подобар живот во иднина.

Исто така, на Александар Велјаноски, кој го фати крстот, му честитам и му посакувам сѐ најдобро“, рече градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена

Ревизорите открија: Судот во Прилеп работел сомнително