(ВИДЕО) Честитка на Кирацовски за Водици: Вистинските вредности не движат напред

Од:

„Задоволство ми е што денеска, на овој православен христијански празник, на Богојавление-Водици, заедно сум тука со нашите сограѓани, охриѓани од нашиот македонски бисер, од Охрид.

Овој празник несомнено го симболизира обновувањето, новите почетоци и вербата во се што е добро, во чесното, се што е исправното.

Силно верувам дека нашите заложби и се она што е добро треба да биде основа за еден нов почеток, почнувајќи од денес, од овој празник сите ние треба да живееме според новите современи принципи и се она што е вредно, се она што е трајно за ние да бидеме соодветни и достоинствени, доследни општествени чинители, а општеството да оди напред.

На сите православни верници им го честитам овој празник, им посакувам добро здравје, семејна среќа и семеен спокој.
За многу години празникот, Бог се јави“, рече Александар Кирацовски, Генерален секретар на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија