Отворена изложбата на фотографии од Охрид во рамките на „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.

Од:

Во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ денеска беше отворена изложбата на фотографии од Охрид во голем формат.

Станува збор за дела на 12 вљубеници во градот под Самуиловата тврдина, кои со својот фотоапарат успеале да забележат неколку заробени моменти од вечната убавина на Охрид.

Изложбата за отворена ја прогласи претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска, која истакна дека преку делата имаме ретка можност духот и убавините на древниот Охрид да ги почувствуваме од друг агол. Фотографиите не импресионираат нас, кои живееме во овој древен град, а замислете какви чувства предизвикуваат кај луѓето кои не го посетиле Охрид, рече Ангелоска.

– Изложените фотографии ни ја потврдуваат синтагмата дека една слика заменува илјада зборови. Преку нив, секој на свој начин ја доживува убавината и мистичноста на Охрид, која преку објективите ги заробиле авторите на фотографиите, истакна Ангелоска.

Автори на фотографиите се: Петар Паунче, Игор Полкап, Игор Нически, Димче Коруноски, Емил Јовановиќ, Димитар Чавкулоски, Антонио Стаматоски, Кирил Димов, Петар Боев, Томе Љушев, Маријана Пипилева и Даниел Јовески.

– Охрид е премногу инспиративен, има прекрасни места за сликање и едноставно неисцрпна инспирација за уметност. Голема благодарност до Супер радио што успеа на некој посебен начин да ја долови убавината на Охрид од еден друг агол, рече фотографот Петар Паунче.

Покрај изложбата, на посебно прилагодениот простор позади споменикот на Св. Климент на Градскиот плоштад започна и Фестивалот на графити и модерна уметност.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава-посебен сообраќаен режим во Охрид

Горан Наумовски

Безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид поради посетата на Орбан