Средба на владини претставници со откупувачите на јагнешко месо

Од:

Денеска во Владата на Република Македонија се одржа неформална средба помеѓу посебната советничка за земјоделство, шумарство и водостопанство на Претседателот на Владата на Република, Ленче Николовска, директотот на Државниот земјоделски инспекторат, Јане Станкоски, заменик директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Фирус Мемед со претставниците на кланиците-откупувачи на јагнешко месо на којашто се разговараше за состојбата со откупот и пласманот на јагнешко месо, условите за работа на кланиците, но и за начините за унапредување на сточарството како важна извозно ориентирана гранка.

На средбата беше заклучено дека разговорите од овој тип се одлична стартна основа за започнување на серизона и долгорочна соработка помеѓу Владата, сточарите и државните и претставниците на кланиците-откупувачи на јагнешко месо, со цел да се унапреди соработката, да се воспостави комуникација и дијалог низ кој ќе се изнаоѓаат решенија за наталожените проблеми, но и ќе се развиваат стратегии за развој на оваа гранка.

Советничката Николовска ги слушна барањата на откупувачите и ги информираше дека Владата на Република Македонија формираше Комитет за земјоделство и безбедност на храната со кој претседава лично Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и дека систематизираните барања и предлози коишто беа тема на разговор ќе бидат процесуирани и разгледани во рамки на ова тело во кое се носат важни одлуки и решенија за граѓаните на Р.Македонија.

Заеднички беше констатирано дека важен е партнерскиот однос што Владата на Република Македонија го воспоставува со сточарите и откупувачите во процесот на носење и спроведување на политики во интерес на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов