(ВИДЕО) Велковски: Обезбедуваме повеќе зеленило за чиста животна средина, 20% од секоја градежна парцела

Од:

„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ реализираше уште една мерка содржана во Планот за живот во Македонија и Програмата за работа на Владата.

Собранието на Република Македонија го донесе Законот на урбано зеленило преку којшто ќе се зголеми процентот на зелени површини во урбаните средини и ќе запре уништувањето на зеленилото.

На зеленилото во урбаните центри му беше потребна институционална заштита за што се наметна потребата од носење на закон за урбано зеленило, како посебен закон.

Со него ќе се воведе целосен систем на планирање, подигање, поддржување, заштита и реконструкција на зеленилото, финансирање и управување со него, како и надзор над примената на овој закон.

А повеќе зеленило значи почиста средина и почист воздух, за сите!

Со Законот предвидуваме најмалку 20 проценти од секоја градежна парцела да бидат наменети за зелена површина, додека во веќе изградените парцели ќе се прави надоместување, односно компензација преку поставување на дрвореди и зеленило во жардинери и други начини и системи на озеленување.

Секоја општина ќе биде обврзана да изработи и таканаречен зелен катастар, односно да спроведе попис на целото зеленило на територијата на општината, по број, вид и состојба на зеленилото, при што за сите идни Генерални урбанистички планови утврден е стандардот од 25 квадратни метри зелена површина по жител.

Законот за урбано зеленило ги обврзува сите физички и правни лица кои имаат зелени површини редовно да го одржуваат зеленилото. Со ова, се заштитува и унапредува веќе постоечкото зеленило и се става крај на непланската сеча и уништување на зеленилото заради градби.

Ова се само дел од мерките што обезбедуваат унапредување и заштита на урбаното зеленило. Како парламентарно мнозинство остануваме доследни во спроведувањето на мерките што обезбедуваат здрава и чиста животна средина и чист воздух за сите во Република Македонија“, изјави Диме Велковски, пратеник во Собрание на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?