Конфедерацијата на слободни синдикати денеска од Порта Македонија го почна протестот барајќи усогласување на платите со зголемувањето на минималната плата, исплата на К-15 во јавниот сектор и почитување на колективните договори.
Учесниците на протестот ќе се движат од Порта Македонија преку Министерството за правда до Владата на Република Македонија каде се очекува да ги испорачаат своите барања.
Претставници на КСС вчера остварија средба со потпретседателката на Владата, Радмила Шекеринска и министрите Мила Царовска, Рената Дескоска и Дамјан Манчевски на која ги образложиле нивните барања.