Изминатата 2012 година беше одлична за производителите на автомобили во однос на новите концептни возила, од кои многу модели можеме да ги очекуваме и во иднина.
Концептно возило е автомобил направен за да го прикаже новиот стил и/или новите технологии.
Често пати овие автомобили се прикажуваат на саемите за автомобили за да се добијат првичните реакции на потенцијалните купувачи на новите и често пати радикални дизјни, што потоа можат да имаат шанса, но и не мора задолжително, да се најдат во комерцијално производство.
„Концепт“ или прототип на автомобил никогаш не оди директно во производство. Во денешно време многу од овие автомобили треба да минат низ уште многу измани и подобрувања пред да се усогласи конечниот дизајн.
Тоа е нужно не само заради практичноста и сигурноста, туку, исто така, и заради трошоците на производство.