Трудниците во Венецуела ќе добиваат по дополнителни 700.000 боливари месечно социјална помош од државата. Иако бројката изгледа голема, поради инфлацијата во земјата, таа сума изнесува само 3,83 долари.
Ова го најави претседателот Николас Мадуро и додаде дека по раѓањето, мајките би требало да добијат дополнителни 5,48 долари месечно. При соопштувањето на оваа одлука претседателот Мадруо доби овации, иако не понуди образложение.
Венецуела е зафатена од сериозна економска криза, поради погрешните политики на левичарската влада на Мадури, поради што голем број граѓани излегоа на улиците да протестираат во јули, минатата година. Жителите на оваа земја се соочуваат со недостиг на лекови, храна, хигиенски средства и други основни намирници.