Одлуката за акцијата на француските командоси во Сомалија била донесена уште во декември

Од:

Одлуката за акцијата на француските командоси во Сомалија, која имаше за цел ослободување на припадникот на француската тајна служба ДГСЕ ( Општа дирекција за надворешна безбедност), Дени Алекс, беше донесена пред еден месец, соопшти францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дриан, јавува дописникот на МИА.

Судбината на заложеникот Дени Алекс, кој беше грабнат во Сомалија од исламистичките милиции во 2009 година се уште не е јасна.

Неговите грабнувачи тврдат дека тој се уште е жив, додека француските власти велат дека се остава да се помисли дека е мртов.

-Операцијата почна кога имавме максимум увереност каде се наоѓа заложеникот, а тоа беше пред еден месец, изјави францускиот министер за одбрана.

Според информациите кои се пренесени од француските медиуми, во операцијата во Сомалија загинаа најмалку осум цивили. Четворица цивили биле убиени при напредувањето на француските комадоси кон локалитетот Буломарер, каде бил чуван заложеникот. Четири други цивили загинаа во борбите кои се водеа меѓу командосите и исламистичките милиции во Буламарер.

Според сведоштва на населението, исламистичката милиција била предупредена од локалното население за слетувањето на три хеликоптери на три километри од Буламарер.

-Луѓе ги видоа (француските командоси) како пристигнуваат во полињата. Шебаб (исламистите) беа информирани дека атерираа хеликоптерите и дека од нив излегоа војници. Така тие (исламистите) можеа да се подготват, изјави еден сведок за француските медиуми.

Во операцијата, чија одговорност ја презеде вчера францускиот претседател, загинаа двајца француски командоси, од кои еден се води како исчезнат и заложеникот, додека исламистите тврдат дека заложеникот е жив и дека држат заробен еден француски командос.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток