Чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска побара од пратениците да му го одземат пратеничкиот имунитет, за да може да биде сослушан во врска со обвинувања за измама во момент кога се бори да обезбеди поддршка за својата малцинска влада.
Полицијата истражува дали Бабиш, кој е втор најбогат човек во Чешка, добил незаконски субвенции од ЕУ во износ од два милиони евра пред една деценија преку криење на информации дека е сопственик на фарма и конференциски центар. Бабиш негира дека го прекршил законот.