Еден телевизор – два програма истовремено

Од:

Јапонската компанија „Самсунг“ го претстави новиот телевизор F9500, кој овозможува гледање на две различни емисии истовремено.

Компанијата во пресрет на најголемиот Саем за потрошувачка електроника, кој се одржува во Лас Вегас, го претстави првиот телевизор во светот со синхронизирани „мулти-вју“ карактеристики, што придонесува за употреба на последната генерација ОЛЕД екрани.

Телевизорот овозможува две лица истовремено да гледаат целосно различна фул-ХД содржина на ист екран, со соодветен звук и управување.

Претставникот на „Самсунг“ Џо Стинциано истакна дека ова е можно само со ОЛЕД технологијата, во чии рамки сликите можат да се движат преку екранот, кој ќе биде од 55 инчи.

За да ја гледаат програмата која ги интересира, корисниците мораат да носат посебни 3Д очила, кои имаат вградени звучници, за да можат само тие да го слушаат стерео звукот.

ОЛЕД телевизорите не бараат посебно позадинско осветлување, па затоа се потенки, трошат 20 отсто помалку енергија и даваат поостра слика отколку класичните рамни екрани.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска