Панасоник претстави таблет од 20 инчи

Од:

Додека поголемиот број производители се фокусираат на што помали таблет уреди кои може да се држат со една рака, Панасоник претстави таблет од 20 инчи на Саемот на потрошувачка електроника во Лас Вегас.

Од Панасоник сметаат дека новиот таблет со тежина од 2,4 килограми и дебелина од 10,8 милиметри ќе ги освои љубителите на фотографии, а на пазарот се очекува да се појави кон крајот на годината.

– Овој таблет ги обединува сите карактеристики на печатените медиуми, што не го нудат класичните персонални или таблет компјутери, како што се мала тежина, дебелина и лесна преносливост, се наведува во соопштението на компанијата.

Новата ЛЦД „плоча“ има резолуција од 4к, односно  3840х2560 со 9,83 милиони пиксели, што овозможува двапати поголема хоризонтална и вертикална резолуција во однос на Фул ХД со 1920х1080 и густина од 230 пиксели на еден инч.

Таблетот може да прикаже слика во А3 формат во речиси целосна димензија, што го прави идеален за читање весници и магазини, како и слики со исти димензии.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска