Приватниот детектив (56) кого го најмија родителите на малата Медлин Меккен за да го пронајдат девојчето кое што мистериозно исчезна пред десетина години, е пронајден мртов во куќата на неговата пријателка Сури на југоисточниот дел на Англија.
Police are investigating the death of one of the first private detectives hired by the parents of missing Madeleine McCann. MORE: https://t.co/Q7fEbqqKOi
— Sky News Australia (@SkyNewsAust) January 14, 2018
Полицијата засега не открива детали за причините за неговата смрт. Се чекаат резултатите од обдукцијата. „Добивме дојава за маж кој не се чувствувал добро на адресата Кобет Хил Роуд во Нормандија. Набрзо по пријавата во полиција, човекот на возраст од 50-тина години починал“, соопштила полицијата.
Кевин Халиган е еден од првите детективи кои семејството ги изнајмило за да помогне во истрагата за исчезнувањето на малата Медлин, која тогаш имала четири години. Родителите на Медлин со фирмата каде работел приватниот детектив склучила договор во 2008 година вреден пола милион фунти. Една година подоцна договорот бил раскинат, откако тој не успеал да го пронајде девојчето. Тие во изјава за медиумите велат дека не контактирале со детективот откако бил раскинат договорот со него.
Кевин по потекло е од Даблин, а имал и американско и ирско државјанство. По раскинувањето на договорот со Меккенови, тој е испорачан во Америка каде ги признал обвинувањата за измама која што ја направил со некој претходен договор. За тоа е осуден на казна затвор од една година по што се вратил во Велика Британија.
Гери и Кејт Меккен неодамна порачаа дека никогаш нема да се откажат од наоѓањето на нивната ќерка Медлин која исчезна во 2007 година. Родителите на Медлин биле излезени на вечера, кога нивната ќерка исчезнала од собата во која спиела со нејзините двегодишни брат и сестра близнаци, на 3 мај 2007 година. Кејт забележала дека Медлин не е во собата, кога отишла да провери дали се е во ред со децата, околу 22 часот истата вечер. Овој случај е еден од најмистериозните во светот, кога станува збор за исчезнати лица.