ВМРО-ДПМНЕ: Ќе работиме на програмата ветена пред граѓаните, СДСМ да се врати во Собранието

Од:

ВМРО-ДПМНЕ на својата редовна седница на Извршниот Комитет, донесе заклучок во врска со упатените условувања од страна на СДСМ и нивните коалициони партнери и актуелната состојба во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ, како и во целото свое делување до сега, се залага за одржување на редовни, фер и демократски локални избори, во согласност со меѓународните стандарди и вградените препораки на ОБСЕ и ОДИХР, а со целосно прочистен избирачки список согласно меѓународните норми и правила. Воедно, ВМРО-ДПМНЕ, со цел потврда на своите принципиелни позиции, инсистира на засилен меѓународен мониторинг на овие избори. Оттука, во овој контекст ја поздравуваме и изјавата на американската амбасада, но и на останатите меѓународни фактори за најавен мониторинг од нивна страна на овие локални избори.

Република Македонија пред една и половина година одржа предвремени избори по барање на опозицијата, потсетува ВМРО – ДПМНЕ во денешното соопштение. Тие избори беа изведени во целосна фер и демократска атмосфера, што впрочем беше и потврдено од целата меѓународна заедница, која честиташе на тие избори, се потврди со извештајот и препораката на Европската комисија, но се потврди и од страна на опозицијата и нивниот лидер Црвенковски, кои исто така честитаа на нашата победа. За потсетување би сакале да укажеме дека Република Македонија во само шест години веќе три пати одржа парламентарни избори.

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува СДСМ и нивните коалициони партнери да се вратат со свое учество во институционалните рамки на делување и низ дијалог во Собранието на Република Македонија, заеднички да се бараат решенија за сите предизвици на нашата држава и политички амбиент. Само низ институционален дијалог во Собранието, се подвлекува во соопштението, ќе можеме да придонесеме заеднички кон градење на доверба и подобри општествени и социјални услови и параметри за нашите граѓани. Тоа е нашата одговорност. Само со дијалог и дискусија за сите предизвици и отворени прашања и градење на конструктивна политичка клима, со цврсти и принципиелни позиции за зедничките ставови по важни и стратешки прашања, ќе се создадат поволни моменти во нашиот евроатлански интегративен процес, што е стратешки приоритет на нашата држава.

– Ние и понатаму ќе продолжиме да работиме на програмата која ја имаме ветено пред граѓаните на последните избори и за која тие гласаа, и понатаму ќе останеме фокусирани на подобрување на економската состојба на државата, справување со ефектите од европската должничка криза, реформи во клучните сфери, поддршка на здравството, образованието, земјоделието, пензионерите, социјалните случаи, невработените, привлекување на странски инвестиции, како и со реформи за приближување на нашата држава кон НАТО и ЕУ, се вели во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски