Николоски: Пред нас се големи предизвици, партијата мора да учи од минатото и да се подобрува за иднината

Од:

Новоизбраниот потпретседател на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски преку објава на својот овицијален фејсбук профил им се обрати на сите поддржувачи, притоа заблагодарувајќи им се на сите членови на Централниот комитет, на Претседателот на партијата, како и на членовите на ВМРО-ДПМНЕ за можноста и, како што вели, привилегијата да застане на оваа функција.

„Да се биде дел од највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ е огромна чест и голем предизвик. Пред нас се големи предизвици, партијата мора да учи од минатото и да се подобрува за иднината. Тоа што беше добро треба да го продолжиме и надградиме, а од тоа што беше погрешно да се извлечат поуки, да не се повторат грешките“, пишува Николоски во рамки на својата објава.

Во неа, тој исто така нагласува дека ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во исклучително тешки моменти, затоа што во тешки моменти е и Македонија.

„Несериозниот однос кон клучните национални прашања, целосното непознавање во економијата, прогонот на неистомислениците и притисокот врз правосудниот систем и слободоумната јавност од актуелната Влада на СДСМ и коалицијата се работите на кои силно мора да се спротиставиме. Во следниот период ќе создадеме политики кои ќе ја одразуваат реалноста, но и желбите на македонскиот народ во каква Македонија сака да живее, ние сме партија на народот и секогаш ќе го слушаме неговиот глас. За тоа да се постигне потребно е и силно партиско реорганизирање, силни месни и општински комитети се срцето на партијата, треба да се препознаат слабостите и да се работи на нив, треба и да се наградат успесите и да се стимулираат“, наведува во пораката на фејсбук новоизбраниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

На крајот, Николоски додава дека патот до целта нема да биде ниту лесен, ниту краток, но изрази ветување за многу работа, лична посветеност, жртва и пример со држење до идеалите и принципите.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче