И перењето алишта ќе стане „паметно“

Од:

Компанијата Самсунг на годинешното Шоу за потрошувачка електроника (ЦЕС) во Лас Вегас, ја најави својата нова генерација на машини за алишта, засновани на Квик-Драјв технологија.

Новата машина ќе може да се поврзе на интернет и работи на принципот на Самсунг Смарт Тингс еко-системот, што перењето го чини побрзо и поефикасно.

Помошниот систем при перењето, наречен Ку-рејтор, има смарт-одлики коишто го поедноставуваат процесот. Програмата ќе може да дава автоматски препораки за оптимален циклус на перење, врз основа на бојата, видот ткаенина и степенот на валканост според проценката на корисникот. Исто така, корисниците ќе можат да одредат и кога перењето ќе заврши.

Хоум Кер Визардот пак, има задача да ја следи машината, за таа да се задржи на оптималната работа, како и да обезбеди едноставни упатства за одржување.

Според потребите и желбите на корисникот, машината пере квалитетно и до 35 отсто побрзо во споредба со досегашните Самсунг модели.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска