Зошто папата Франциско избегнува посета на родната Аргентина?

Од:

Папата Франциско во понеделник по шести пат патува во Латинска Америка, но повторно нема да ја посети неговата родна Аргентина, одлука која отвори низа на прашања во светските медиуми.

„На секое свое патување папата ризикува да биде изманипулиран, но во Аргентина таквиот ризик би бил најголем“, вели италијанскиот историчар, Џани Ла Бела.

Во својот досегашен понтификат, Франциско посети голем дел од Латинска Америка односно папата беше во Бразил, Парагвај, Боливија, Куба, Еквадор и Колумбија. Сега ќе оди во Чиле и во Перу.

На сите патувања, папата повикува на помирување и дијалог.

Многу аналитичари од Ватикан и Аргентина сметаат дека ваквите пораки би имале посебно значење во неговата татковина, каде што истите често се толкуваат како политичка интервенција или „стрели“ насоечени кон екстремно либералниот аргентински претседател, Маурицио Макри.

„Мислам дека Франциско стравува оти силната поларизација на општеството во Аргентина штетно ќе се одрази на неговата пасторална функција“, наведува Ла Бела, кој минатата година беше во придружба на папата при посетата на Колумбија, земја растргната од педесетгодишната граѓанска војна.

„Тој секогаш бил гласник на култура на дијалог, единство и работа за доброто на заедницата“, вели аргентинскиот социјален активист Густаво Вера. „Мислам дека, од друга страна, Аргентина и не еволуираше во котекст на примена на дијалог како решение на проблемите“, додава тој.

„Одлуката на папата да не дојде во земјата каде што поминал поголем дел од својот живот изгледа многу лична“, смета Вера.

„Тој не сака да биде фактор на поделба, опортунизам и пристрасност. Мислам дека Аргентина ја чува за крај и дека ќе дојде во својата сакана земја и татковина, кога ќе се почувствува како фактор за дијалог и заедништво“, потенцира Вега.

Би можело да ве интересира

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство

Пет лица уапсени за уривањето на хотелот Дубровник во Аргентина: Едно лице загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хотелот „Дубровник“, спасувачите трагаат по исчезнатите

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ