ВМРО-ДПМНЕ: Судот денес беше соучесник во уништувањето на правната држава

Од:

„Владата на СДСМ економски и политички ја урива Македонија, а судот со денешната одлука влезе во сценариото на поддршка на катастрофалните политики кои водат во натамошно продлабочување на кризата и конфликтите. Отфрлањето на жалбите на одбраната и решението патриотите да останат во притвор е целосно правно неиздржано.

Притворените патриоти не се терористи! Уметниците, пратениците, полициските службеници и останатите притворени во врска со настаните од 27 април не сториле никаков терористички акт, немале намера да се сокријат од правдата, ниту пак влијаеле или имале намера да влијаат врз истрагата. Оперските пејачи, глумците, режисерите, архитектите, докторите и останатите се жртви на политички прогон само заради тоа што имаа храброст гласно да го искажат своето несогласување со антидржавните политики на власта.

Судот денес беше соучесник во уништувањето на правната држава. Судиите не собраа сили да се кренат над притисокот и политичките конструкции.

Одлуката на Апелациониот суд за продолжување на притворите на лицата од настаните од 27 април е скандалозна и не се темели на факти и докази, туку на гола политичка конструкција.

Правосудството во Македонија останува срам за Европа и целиот демократски свет. Десетици македонски патриоти се измачуваат и се влечат по притвори без основ, во политички конструиран процес. Не се почитуваат нивните основни човекови права.

Институциите денес паднаа на тестот за владеење на правото. Институциите покажаа дека Република Македонија ваква каква што е сега, нема капацитет за придвижување на државата кон Евроатланските структури. Институциите не покажаа минимум зрелост да работат за граѓаните, како што тоа им е наложено согласно закон и Устав.

Судот замижа пред сите факти и аргументи. Судот замижа пред извештајот на Народниот правобранител во кој јасно се вели дека полицијата извршила прекршување на законот при апсењето, со што директно извршила кривично дело од чл.140 од КЗ непочитувајќи ги имунитетот на пратениците, но и пресумпцијата на невиност.

Судот замижа пред сите докази и аргументи кои во изминатиов период преку медиумите излегуваа и во јавноста.

Правосудните органи треба да знаат дека мерката притвор е мерка за обезбедување на присуство, а не мерка која треба да се користи за изживување врз политичките неистомисленици. Судството не смее да биде алатка на политиката“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови, кои претходната влада на СДС и Заев сакаше да ги направи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ако сака да функционира како сериозна политичка партија има можност

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ не ја потпишува Резолуцијата затоа што има скриена агенда за мигранти

Горан Наумовски