СДСМ: Неточни се информациите за наводно поставување на нови повеќејазични табли

Од:

„Информациите објавени во одредени медиуми за наводно поставување на повеќејазични табли денеска, пред институциите или на патиштата низ државата, се целосно неточни и истите претставуваат класични лажни вести.

Повеќејазичните информативни табли и патокази што денеска се објавени во неколку медиуми се поставени многу одамна, а граѓаните извесен период сведочат за нивното постоење.

Како потврда за тоа е фотографијата во прилог, направена во мај 2017 година, на која што јасно се гледа дека веќе биле поставени овие табли пред повеќе од година и половина.

Потсетуваме дека обврска на медиумите е да известуваат објективно и професионално во интерес на граѓаните.

Пласирањето на неточни информации или обидите за манипулација со јавноста не се во интерес на граѓаните.

Останува фактот дека јавноста одамна ги препознава лажните вести и не потпаѓа под обидите за манипулации“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ