СПУКМ: Најитно повлекување на Законот за употреба на јазиците

Од:

„Чувствуваме одговорност да упатиме јавно писмо во врска со неодамнешното гласање на Законот за употреба на јазиците. Бидејќи нашето индиректно право на глас, овозможено преку пратениците како наши претставници кои би требало да ги штитат нашите интереси ни е скратено, ни останува само да дадеме мислење и дa покренеме иницијатива.

Ги повикуваме народните пратеници да носат закони во согласност со Уставот. Владеењето на правото мора да биде главен епитет во нивното работење, а не шверцерски со знаменце на Европска Унија да се носат антиевропски закони кои ја нарушуваат меѓуетничката хармонија, го суспендираат Уставот и ги рушат основните белези на државата.

Студентскиот парламент на УКИМ бара НАЈИТНО повлекување на Законот за употреба на јазиците и во целост ги споделува и поддржува ставовите и аргументите од отвореното писмо до пратениците кое го упатија проф. Др. Гордана Слијановска, акад. Проф. Д-р Катица Ќулафкова и проф. Д-р Симона Груевска –Маџовска.

Овој закон нема врска со евроинтреграцијата на РМ, ниту значи хармонизација со правото на ЕУ. Овој закон не е приоритетен. Овој закон не е дел од Рамковниот договор, ниту е во неговиот дух. Овој закон не е конкретизација на амандманот V од Уставот на Република Македонија.

Впрочем, правото на едниот завршува онаму каде што започнува правото на другиот. Законот за употреба на Македонскиот јазик налага, меѓу другото и негова заштита. Во член 2 од Законот за употреба на македонски јазик е утврдено дека: Македонскиот јазик е духовно богатство од посебно културно и историско значење на Републиката. Па, сакаме да ве прашаме дали вака се негува, чува и заштитува посебното културно и историско значење на Републиката и нашето духовно богатство? Член 6 од законот за употреба на македонски јазик ви го дава одговорот на нашето прашање т.е. заштитата, унапредувањето и збогатувањето на македонскиот јазик опфаќаато собено: нагласена грижа за употреба на македонскиот јазик во процесот на образованието и воспитанието, избегнување на употреба на странски изрази и заемки (а најмалку воведување на втор национален јазик на исто рамниште како македонскиот).

Овој закон е противуставен, директно ја нарушува унитарноста на Р. Македонија, целосно го суспендира Законот за употреба на македонски јазик и најдиректно го урива статусот на Македонскиот јазик како основа на меѓусебното разбирање. Од тие причини: Го повикуваме Претседателот на Р. Македонија, г-дин Ѓорѓе Иванов во име на неговата функција како претседател на оваа држава, но и како почитуван професор на Правниот факултет на УКИМ, да ги заштитува и брани националните интереси и суверенитетот на Република Македонија и да го употреби правото на ВЕТО за овој закон.

Постапуваме по многубројните примени реакции од страна на студентите, кои се обратија до нас и не контактираа по повод донесувањето на Законот за двојазичност. Како и секогаш, постапуваме и ги штитиме правата и интересите на студентите“, се вели во соопштението на Студентски парламент на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” – Скопје за Законот за употреба на јазиците.

Би можело да ве интересира

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

Уставен суд: Законот за јазици ќе се разгледува во целосен состав

Предраг Петровиќ

Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети

Меџити не сакал да влијае ама прати порака: Членовите на Уставниот суд да размислат со трезна глава околу Законот за употреба на јазиците

ВРЕДИ: Иницијативата за оспорување на двојазичноста е обид за државен удар

Почнува уписот на УКИМ, слободни над 9900 места за студенти во прва година