Градот Охрид и хотелиерите договараат организиран настап на престојните туристички саеми

Од:

Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски и претставници на секторите за туризам при Локалната самоуправа денеска одржува средба со хотелиерите и сопствениците на поголеми сместувачки објекти од градот.

Стојаноски појасни дека станува збор за активност на иницијатива на Општината, дел од зацртаната агенда на новата општинска власт за поголема вклученост на туристичките субјекти во организирањето на активностите насочени кон што подобро претставување на охридската туристичка понуда во земјата, регионот и светот.

– Преку разговори со претставнци на бизнис-секторот сакаме да утврдиме што се треба да стори Општината за да имаме добар настап на саемски манифестации, со првична цел – утврдување на целните пазари на кои Општина Охрид треба да ги помага хотелиерите и сите субјекти од секторот туризам. Сакаме да ги добиеме нивните мислења и на таков начин, согласно реновирањата во буџетското планирање, да се издвојуваат буџетски средства согласно барањата на целните сегменти и самите граѓани, во конкретниот случај субјектите од секторот туризам, рече Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник